Мени

Од каде потекнува и која е историјата на јогата

Јогата е традиционален духовен и практичен систем кој теоретски и практично настанал пред многу илјади години во Индија Зборот yoga на санскрит има повеќе значења. Потекнува од зборот yuj што значи: соединување, слога, цврст спој.

Првите пишани текстови за јогата се Yoga Sutras, чиј автор е Патанџали. Yoga Sutras е збирка од теоретски и искуствени знаења за јогата кои настанале благодарение на многувековното искуство на старите јогини. Кога Патанџали ги комплетира Yoga Sutras, не значи дека настана нов систем, туку дека прастарите практики беа организирани на одличен начин. Додека за Yoga Sutras се смета дека потекнуваат од 400 год.п.н.е. археолошките истражувања и други текстови покажуваат дека методите и асаните опишани во Yoga Sutras биле практикувани дури од 3000 год.п.н.е.

Јога асаните (asanas – стабилна и удобна положба) се спомнуваат во најстарата позната литература на човештвото, Ведите кои што се напишани од големите светци и мудреци во тоа време.

Во археолошките ископувања во Харапи и Мохенџодаро, во пределите на сегашен Пакистан, пронајдени се многу статуи на кои Шива и Според традиционалните верувања и списи, Богот на кромид. Како што слоевите се освестуваат една по една, тргнувајќи од надвор кон внатре, се повеќе настанува доближување до состојбата Паравати (неговата жена) се во различни положби на јога асани. Според традиционалните верувања и списи, Богот Шива е основач на јогата, вклучувајќи ги асаните. Тој ги креирал асаните и го подучувал својот прв ушеник Парвати. Се вели дека оригинално постоеле 8400000 асани, што претставува 8400000 инкарнации низ кои што секоја индивидуа треба да помине пред да достигне ослободување од циклусот на раѓање и умирање.

Првиот историски забележан мајстор на јога асани бил големиот јогин GORAKHNATH. Во негово време јогата не била популарна, но тој ги научил своите блиски ученици на јога асани. Јогините од тоа време настојувале да живеат во планини и шуми, каде што воделе живот во одвоеност и строгост, добивајќи ја сета потпора за животот од природата. Големи учители на овие јогини биле животните, бидејќи тие живееле природен живот ослободени од болести и светски проблеми. Многу од јога техниките се развиени преку набљудување и проучување на шумските битија.

Сега во оваа модерна ера, јогата е раширирена и прифатена низ целиот свет. Многу доктори и научници препорачуваат да се практикува јога.Благодарение на нејзинине општи поволни влијанија во квалитетот на животот,таа со право го добива своето место во светската популарност.

Луѓето сфаќаат дека јогата не е само за аскетите кои се одрекле од светот и се повлекле во самотија, јогата е за секого.