Мени

Петте обвивки на себството според психологијата на јогата (петте коши)

Душата, повисокото јас или себството е обвиткана со пет обвивки на постоење на различно ниво.

Петте koши  или  петте тела , се однесуваат на  облиците , нивоата  на постоење на човекот.

Тоа е петдимензионален модел на човековото битисување, според психологијата на јогата. Тој асоцира на Руските кукли кои се вовлекуваат една во друга, или слоевите   блаженство и вистинската суштина на нештата-атма или себство. Како што слоевите се освестуваат една по една, тргнувајќи од надвор кон внатре, се повеќе настанува доближување до состојбата на блаженство и вистинската суштина на нештата-атма или себство.
Петте коши или тела, тргнувајќи од најнадворешниот до највнатрешниот слој се следниве:
  • Annamaya kosha-физичко тело. Се однесува на телото и неговите потреби.
  • Pranamaya kosha-Пранично,енергетско тело. Се однесува на здивот и циркулација на праната низ телото.
  • Manomaya kosha-ментално тело. Се однесува на мислите, емоциите, петте сетила.
  • Vijnanamaya kosha-тело на знаење. Се однесува на мудроста, интуицијата, перцепцијата.
  • Anandamaya kosha-тело на блаженство. Се однесува на безусловна љубов, сомилост, мир и универзална радост.
Во центарот на петдимензионалниот модел се наоѓа Atma -себство, божественото, универзалното. 
Овај јога модел е и сликовит показател на суштината и длабочината на севкупната јога пракса. Јогата системски ги обработува сите слоеви (коши) на постоењето.Затоа, да се биде во јогата значи да се биде во хармонија со сите нивоа на своето постоење,во хармонија со делата, мислите, зборовите. Со јога праксата стануваме посвесни за контролата над сопствениот живот, стануваме поодговорни , посреќни, но и сочуствителни кон другите луѓе.