Мени

Летен Јога Камп на брегот на Преспанско Езеро (24-29 Август 2013г.)

Почитувани љубители на јогата,

со радост Ве покануваме и оваа година да бидете дел од нашето летно јога патување. Како и минатата година, така и оваа, летниот јога камп ќе се одржи на брегот на Преспанското Езеро. Оваа година во едно од најубавите македонски селца, како и често посетувано туристичко место - селото Стење.

Дозволете си незаборавно, трансформирачко доживување кое во ова динамично време, ќе ви овозможи освежување на вашето физичко и духовно здравје. Петдневниот активен одмор на место кое со својата енергија го ревитализира целото ваше битие, со комфорно сместување во хотел Рива, на самиот брег од Езерото, утринска и попладневна јога пракса, ќе ги разбуди заспаните потенцијали во Вас и ќе Ви даде сила, верба и нова енергија  за предизвиците во животот, како и за новата работна година.

Сите информации за Летниот Јога Камп на Преспанско Езеро (24-29 Август 2013г.) може да ги дознаете на следниот линк: /upload/files/Info.docx и на тел. 078 225-640